Швајцарскиот селектор ја менува одбраната против Македонија?

Неколку денови пред стартот на квалификациките натпревари за престојното Европско Првенство во Полска, селекторот на швајцарската репрезентација се соочува со сериозни проблеми поради големи број на играчи кои поради повреди не се наоѓаат на неговиот список.

Покрај првичните повреди на Линигер и Сваљен, дополнителна главоболка за селекторот Ролф Бак е отсуството на уште двајца играчи – Бавиера и Линдер

“Покрај Сваљен со Бавиера имаме проблеми со вториот важен играч за нашата одбрана. Нормално Швајцарија игра 6-0 одбрана, но во моментов размислувам за 5-1 одбрана со цел тактички да ја компензираме оваа загуба” изјави селекторот Брак

Македонија ќе ја пречека Швајцарија во рамките на квалификацискиот циклус за Европското првенство во Полска 2016 на 29 октомври во 17:45 часот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.


 

foto: sport1.de