Шарт сè уште владее со „Струга“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Се спушти завесата на јубилејното 45. издание на струшкиот ракометен турнир. Во четири дена ракометната публика во Струга имаше можност да ужива во квалитетен ракомет преку игрите на турскиот шапион Бешикташ, македонскиот вицепрвак Металург, шведскиот вицепрвак Алингсас, францускиот прволигаш Шарт, македонскиот учесник во ЕХФ Купот, екипата на Охрид како и домаќинот РК Струга.

По одигрување на финалните натпревари, Шарт повторно ја освои титулата на најстариот ракометен турнир во Македонија, овојпат преку Бешикташ со резултат 26-29. Во борбата за трето место, Металург беше поуспешен од Охрид со 32-28, додека петтото место го освои Алингсас по убедливиот триумф над домашната екипа на РК Струга.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”date” special_effect=”grayscale” animation_effect=”fadeIn” album_title=”false” album_id=”193″]