Шанса за Македонија: ЕП за жени се проширува на 24 репрезентации!

Европската ракометна федерација донесе одлука која оди во полза на Македонија. Од 2024 година Европското првенство за жени ќе биде побогато за осум репрезентации, па наместо 16 ќе настапуваат 24 селекции.

Македонија последен пат на Европско првенство играше во 2012 година во Србија кога заврши последна, а на Светско првенство во 2007 година. Нашите девојки во баражот за следното СП ќе играат против Словенија, а во квалификациите за ЕП ќе се соочат со Шведска, Португалија и Чешка.
Оваа одлука може да ги промени работите и конечно нашата женска селекција да ја гледаме почесто на големите натпреварувања. Квалификацискиот систем ќе биде одреден дополнително. Во 2022 година Македонија заедно со Словенија и Црна гора ќе организира Европско првенство.