Шампионски јуни за Вардар, шампионски и за 24Ракомет!

Во најтоплиот месец од годината, жешко беше и на ракометните терени. Јуни го отвори сензационална вест од Келн, вардаровата бајка кулминираше со европска круна по втор пат во три години. Македонскиот национален состав се избори за уште едно европско првенство. Македонските сениори предводени од Данило Брстовац како први во група, од вториот шешир ја дочекаа и ждрепката за Европското првенство 2020, а од Виена добија позитивни вести. Еуфоријата по освојување на нов пехар во Лигата на шампионите полека се намалува, но затоа секогаш актуелни се новите засилувања на македонските екипи за новата сезона. Средината на јуни ја отвори сезоната за летни кампови, венчавки и одмори за македонските ракометари, пред новите професинални искушенија на средина на јули…

Вардарци повторно ја израдуваа нацијата, со златни букви го врежаа своето име во историјата на ракометот. Шампионски започна овој јуни за македонскиот првак, а шампионски заврши за 24Ракомет.

Редакцијата на првиот и единствен специјализиран ракометен сајт во Македонија, www.24rakomet.mk како и секогаш известуваше од местото на настанот во Келн, преку текстуални, фото и видео содржини се обидовме да ги пренесеме сите детали од грандиозен настан каков што е Фајнл Фор турнирот. Остануваме единствен македонски спортски медиум што од речиси секој спортски настан имаме авторски фотогалерии и авторски видео материјал…. По многу нешта сме единствени, и први. 

Бевме присутни на сите најзначајни настани за македонскиот ракомет, од бараж дуелот за влез во Суперлигата кој во Неготино го одиграа Работнички и Прилеп, па се до последниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2020. Кога сето тоа ќе добие своја потврда во статистичките параметри задовлството е навистина поголемо. Преку еден милион посети во месец јуни само потврдија дека специјализираните портали можат да бидат рамо до рамо со спортската новинарска мрежа.

 

Дека сме на вистинскиот пат покажаа и параметрите од социјалните медиуми. Во месецот кога Вардар стана европски првак во Келн, 24Ракомет имаше најмногу интеракции со своите читатели на социјалната мрежа фејсбук, надминувајќи ги далеку побројните фан страници чиј интерес е спортот.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна!