Шампионот Металург со лесна победа против Алушовски

Шампионот Метaлург продолжува со одличните игри на почетокот на сезоната во женската лига. По воведната победа на отварањето на сезоната, во 2. коло остварија уште една лесна победа овој пат над новајлијата во лигата Алушовски со 39:8.

Победникот беше познат многу рано, уште на полувреме беше огромна разликата а ракометарките на Алушовски постигнаа само еден гол. Металург имаше предност 20:1. Во вториот дел гостите беа подобри во нападите и го поправија впечатокот нo очигледно е дека сè уште има многу работа пред нив.

Металург со убедливите победи во првите две кола најавува дека е подготвен да ја брани титулата. Во победничкиот тим по седум гола постигнаа Калајџиевска, Тасевска и Арсениевска. Во составот на Алушовски по два гола постигнаа Алушовска и Трајановска.

МЕТАЛУРГ – АЛУШОВСКИ   39:8(20:1)

Сала: Автокоманда. Гледачи: 50 Судии: Марија Илева и Силвана Карбеска. Делегат Зоран Кимовски.

Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Ивановска 1, Кркачева, Тасевска 7, Смајлоска, Арсениевска 7, Алексовска 2, Темелковска 2, Дамчевска 4, Калајџиевска 7, Ристовска 1, Стојановска 1, Петковска 3.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути.

Алушовски: Лазова, Стојковска, Алушовска 2, Георгиевска 1, Ангеловска, Петковска, Трајановска 2, Николовска 1, Ангелковска 1, Блажеска, Велигденова, Ристовска, Блажеска, Милошоска, Мемов, Младеновска.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 8 минути.