Шампионот ги засилува своите редови на полусезоната: Морена и Кнедилкова нови имиња во Ѓер!

Европскиот шампион Ѓер во новата година ќе биде засилен со репрезентативката на Чешка, Јана Кнедилкова и репрезентативката на Бразил, Тамирес Морена. Кнедилкова настапува на десната крилна позиција и во продолжението од сезоната ќе биде замена за повредената, Адриен Орбан. Бразилката, Тамирес Морена во Ѓер ќе ја зголеми конкуренцијата на пикерската позиција каде Ѓер веќе ги има Хајди Локе и Весна Милановиќ Литре.

 

Фото: mkcse.hu