Шампионите и шампионките на Металург на честење во винарија Стоби

Синоќа Металург 2 го освои првото место во Првата машка лига и се придодаде на групата шампиони во тимот со што донесе трета круна во кратко време за клубот. Сепак, младите ракометари дополнително ќе одат на честење бидејќи нивните поискусни колеги и колешките од првата екипа имаа можност да се честат после освоените трофеи.

Претседателката Зорица Блажевска ги почести ракометарите во винаријата Стоби, а ова дојде како благодарност за освоениот пехар од Купот на Македонија во машка конкуренција и трофејот во првенството кај дамите.

После неколку сезони каде што не можеше да се дојде до трофеј против тимовите на Вардар и во двете конкуренции ова беше одлична сезона за Металург, па вредеше да се прослави во ресторанот на винаријата Стоби.