Шампионите го заменија Скопје со Крањска Гора

Ракометарите на европскиот шампион Вардар по еднонеделно тренирање во Скопје, продолжуваат за Словенија каде ќе се подготвуваат на Крањска Гора. На висински подготовки отпатуваа 20 ракометари, што ги има на располагање тренерот Раул Гонзалез.

Нови играчи сезонава се Даинис Криштопанс, и плус уште тројца што доаѓаат од тимот на Вардар Јуниор, голманот Даниел Ѓорѓески, бекот Тоше Ончев и крилото Мартин Поповски. До 11 август екипата останува во Словенија, а потоа се заминува за Германија и таму вардарци ќе го имаат првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден Вардар ќе игра на турнир на Гумерзбах, а во полуфиналето на 12 август противник ќе биде Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман. На крајот од август, 24 до 29 август, европскиот шампион, ќе биде во Катар каде ќе игра на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.