Шампионите без милост: Франција ја нокаутираше подновената Полска

Светскиот првак, Франција одигра неверојатен натпревар на стартот на Златната лига и го совлада составот на Полска со високи 29:15. Полјаците беа далеку од потребното, а со изменетиот состав едноставно и не можеа да му парираат на далеку порасположениот тим.

Французите доминираа во текот на цлата средба, а тоа беше шанса за сите играчи да добијат шанса. После првиот дел резултатот беше 15:8, а тоа беше најава за меч во кој Полска нема да успее да постигне многу голови. Во вториот дел само беше продолжено на исто ниво, а Полска усепеа да реализира седумпати така што остана високата разлика на крајот.

Со по пет гола најефикасни беа Лене и Нахи, додека Дипанда погоди четирипати. Браќата Карабатиќ не мораше да се оптоваруваат како и другите поискусни играчи кои се штедеа за дуелите против Норвешка и Данска в сабота и в недела.

Кај Полска со три гола најефикасен беше Морито.