Чутура промовиран во дресот на Еурофарм Работник

Како што прв објави 24ракомет, составот на Еурофарм Работник се засили со уште едно искусно ракометно име во своите редови. Средниот бек од Србија, Давор Чутура беше промовиран, откако потпиша за битолскиот суперлигаш до крајот на оваа сезона.

Станува збор за искусен ракометар кој има 37 години, кој може да покрие и на левата бековска позиција, каде битолчани го имаат само Мите Караиванов. Чутура има одлични физички предиспозиции (200 цм, 100 кг), но прашање е колку е физички подготвен со оглед на тоа што не играше од стартот на сезоната.

Претходно беше дел од екипите на Арате, Грањолерс и Ваљадолид, португалската Бенфика, како и катарските Ал Ахли и Ел Кијада. Неговиот брат Далибор Чутура, игра со Бранко Ангеловски во Доброгеа Констанца.

Огненото крштевање Чутура го имаше против Работнички и постигна 2 гола, додека следен натпревар ќе му биде градското дерби против Пелистер следната недела.

Фото: rkeurofarmrabotnik.com