Чурлевски потпиша со ХЈС Работник

Актуелниот ракометар на Вардар Јуниор, Филип Чурлевски (24) од наредната сезона се враќа во Битола. Синот на прославениот поранешен македонски репрезентативец, Боро Чурлевски не се враќа во својот Пелистер, туку ќе биде новото засилување на екипата на ХСЈ Работник од Битола.

Оваа екипа со големи амбиции го најавува веќе сигурниот пласман во Суперлигата, а Филип Чурлевски кој потпиша договор на една година, е дел од засилувањата кои се предвидени за следната сезона.

Чурлевски својата кариера ја започна во битолски Пелистер, од каде пристигна во екипата на Вардар Јуниор чии бои ги бранеше изминативе две сезони.