Чупиќ за 24 Ракомет: Една екипа, еден живот, една љубов – Вардар!

Ракометарот кој од денеска е првиот што успеал да освои титули откако се игра Фајнл фор турнир во Лигата на шампионите, Иван Чупиќ вели дека неговите бројки не се толку важни колку што е важно Вардар да оди напред и да продолжи да освојува трофеи.

„Моите три круни откако се игра Ф4 остануваат во втор план. Вардар е на прво место и најважно е тоа што е првиот кој успел да освои две титули во три години. Доколку Вардар не беше на првото место немаше да се случи ништо од она што се случи во оваа сезона.Една екипа, еден живот, една љубов. Така беше на теренот, така беше и надвор кај нашите навивачи. Така живеевме во текот на целата година. Со сите добри и лоши работи. На крајот се покажа дека екипата е пред сè друго“, вели Чупиќ за 24 Ракомет.

Тој вели дека очекува и убав пречек кој ќе биде незаборавен иако треба да се вратат утревечер околу полноќ.

„Јас доживеав сè прекрасно. Живеам во градот каде мене и моето семејство не обожаваат. Тука одличнос се снајдовме со целеото мое семејство. Навивачите се најдобрите во светот. Имам нешто во главата за она што може да се случува, а што ќе биде не знам. Веројатно ќе биде над моите очекувања. Сите што утре ќе не чекаат го заслужуваат тоа. Јас се надевам дека тие ќе прослават и дека ќе прославиме и ние и дека тоа ќе биде нешто незаборавно“, изјави Чупиќ.