Чупиќ за 24Ракомет ТВ: Не бевме така добри како во Загреб, но победа си е победа (ВИДЕО)

Најдобар стрелец на реванш средбата меѓу Вардар и Загреб беше десното крило Иван Чупиќ, кој постигна девет голови.

Чупиќ смета дека најважно од овој натпревар е пласманот во четвртфинале и тоа дека шанса заигра од Парондо добија сите играчи.

„Најважно е што сите играа на овој натпревар и што се вратија на терен Горбок и Борозан, кои се важни играчи во нашиот тим“, вели Чупиќ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…