Чупиќ за 24Ракомет ТВ: Оваа победа е за нашата соблекувална и овие навивачи (ВИДЕО)

Македонскиот првак Вардар забележа победа во својот последен меч сезонава во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ момци го надиграа ПИК Сегед и го совладаа со 31:23 со што добија убава предност пред реваншот и тргнаа полека кон ново учество на Ф4 турнирот во Келн.

Десното крило Иван Чупиќ кој три години го носи дресот на Вардар, вели дека на овој натпревар имало многу измешани емоции.

„И среќа и тага, се беше измешано на овој натпревар. Имаше многу емоции, имаше плачење пред овој дуел. Дадовме се од себе и одигравме за навивачите“, вели Чупиќ за 24Ракомет ТВ.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…