Чупиќ: Бевме подготвени на полна сала, „луда игра“ и сите други работи

Победата од 27:18 на гостувањето кај Загреб е од големо значење и дефинитивно резултат кој на Вардар му дава за право да се прогласи за четвртфиналист. Уште позначајно е тоа како Вардар играше на овој натпревар против Загреб, со каков жар и желба се одеше на секоја топка и како беше прочитана играта на противникот.

Десното крило Иван Чупиќ смета дека токму тоа е решавачко за победата.

„Се подготвивме добро за Загреб, нашата одбрана и голманот беа одлични. Бевме повеќе посветени на промените. Нашата одбрана 6-0 и голманот беа одлични, потоа беше тешко за нив да се игра. Во првото полувреме играме една постава, и одевме чекор по чекор, гол по гол. Потоа сменивме и играчи, го забрзавме и темпото, имавме и некои контри да ја „умртвиме“ играта на противникот и тоа го направивме. Бевме подготвени на полна сала, на тоа дека играат лудо добро, на сите мали работи“, вели Чупиќ.

Реваншот меѓу Вардар и Загреб се игра в сабота во Скопје со почеток во 19:30 часот.