Чуден тренд во Франција: Олимпијците ги менуваат медалите за ракомет

Пливачот Флоран Манаду и џудистот Теди Рине, ќе ги заменат базенот и татамите со ракометен терен. Манаду, кој има освоени повеќе европски, светски и олимписки медали, посакува да се проба во спортот кој како помлад го тренирал. Таква можност ќе му даде составот на Екс Ан Прованс, каде игра и долгогодишниот репрезентативец на Франција, Жером Фернандез.

„Иако не очекувам дека некогаш ќе влезам во француската репрезентација, сакам да се испробам во овој спорт, кој го тренирав 10 години во младоста. Знам дека бргу ќе се вклопам во тренажниот процес и ќе го започнам мојот нов спортски почеток“ – изјави Манаду.
Неговиот пример ќе го следи и џудистот Теди Ринер, кој ќе се проба на ракометниот терен, но како судија.