ЧСМ Букурешт подобар во „македонскиот “ дуел од Темишвар

Ракометарите на ЧСМ Букурешт предводени од Звонко Шундовски на клупата, а од Гоце Георгиевски на теренот, славеа на мечот против Темишвар, каде играат Филип Лазаров и Златко Даскаловски со минимални 20:19.

Десното крило на македонската репрезентација беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна 4 голови од 7 обиди, додека во составот на Темишвар, кој промаши пенал во последните секунди за реми, Лазаров беше стрелец на 3 голови од кои 2 беа од пенал.

Фото:csmbucuresti.ro