ЧСМ Букурешт конечно врза две победи: Георгиевски сам го победи Јаши

По смената на тренерот и победата над Темишвар на домашен терен, ракометарите на ЧСМ Букурешт конечно врзаа две победи во романскиот шампионат. Предводен од македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, ЧСМ забележа важна победа на гости кај Јаши со 26:29.

Десното крило постигна една третина од головите на тимот од Букурешт, 8, а промаши само еднаш. Следниот предизвик за ЧСМ Букурешт ќе биде градското дерби против шампионот Динамо Букурешт.