ЧСМ Букурешт и Мадеира близу до финале во Челенџ купот

Екипите на ЧСМ Букурешт и Мадеира создадоа предност после првите пресметки во Челинџ купот и на ревнашот ќе одат со предност против своите ривали. Романците на домашен терен против Нева ќе имаат два гола позитива после победата од 26:24, додека Португалците одат со предност од 27:22 на гостувањето во Грција.

Тимот на Нева во речиси израмнет дуел забележа пораз. ЧСМ Букурешт за кој не настапи Гоце Георгиевски беше подобар противник и победи со 26:24 и покрај тоа што на полувреме имаше негатива од 11:13. Иако е мала ова е добра предност за романскиот тим пред реваншот кој е на програмата следната сабота.

За разлика од тој меч, Мадеира на свој терен имаше лесна задача против АЕК. На почетокот не беше така лесно за Мадеира со оглед на тоа што гостите од Атина добро се држеа. Првото полувреме заврши со 12:10 во корист на домашните, за во вториот дел сè да си дојде на свое со што фаворитот од овој двомеч има пет гола предност (27:22) пред реваншот.

Возвратните средби се играат в сабота, а Мадеира и ЧСМ Букурешт се пред финалето кое исто така се игра во две средби.

РЕЗУЛТАТИ:

НЕВА СП – ЧСМ БУКУРЕШТ   24:26 (13:11)

МАДЕИРА – АЕК 27:22 (12:10)