ЧСМ Букурешт водеше скоро цел меч, но го загуби градското дерби од Стеауа

Актуелниот романски вицепрвак ЧСМ Букурешт, кој го води поранешниот селектор на Македонија Звонко Шундовски, продолжува да игра во стилот топло-ладно.

ЧСМ загуби во градското дерби од Стеауа на гостински терен со 30:28, иако во еден дел од мечот водеше дури и со пет голови разлика. Во финишот ракометарите на Шундовски поведоа и со 28:27, но домашните за пет минути дадоа три голови и направија комплетен пресврт.

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски настапи на овој меч и беше стрелец на 2 гола од 3 обиди, а заработи и едно исклучување. Следниот меч за ЧСМ е на домашен терен против Сату Маре.