Човекот што ја “сруши” Барселона со најдобра одбрана на колото! (ВИДЕО)

Голманот на Кил, данскиот репрезентативен чувар на мрежата Никлас Ландин ја има најдобрата одбрана на колото во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите. Данецот беше фантастичен на двата четвртфинални натпревари против Барселона, а со три одбранети зицери во последните три минути и официјално го промовираше Кил во патник на завршниот турнир. Токму една од тие одбрани, односно одбранетиот зицер на Арињо е прогласена за најдобра одбрана на колото. Покрај Ландин во изборот на ТОП 5 најдобри одбрани влегоа и:

Тиери Омејер (5 место,ПСЖ)
Матијас Андерсон (4 место, Фленсбург)
Мирко Алиловиќ (3 место, Веспрем)
Марин Шего (2 место, Киелце)
Никлас Ландин (1 место, Кил)

ТОП 5 одбрани на колото

Top 5 Saves | Quarter-finals – Leg 2 | VELUX EHF Champions League

Savour these stunning saves from the likes of Thierry Omeyer alias TITI and Niklas Landin as they helped drive their teams to the VELUX EHF FINAL4!

Geplaatst door EHF Champions League op maandag 2 mei 2016