Чкембари ќе навиваат за Еурофарм Пелистер само под еден услов…

На денешната седница на Советот на општина Битола, единствена точка на дневен ред беше „Платформа за ракометна Битола“ поднесена од компанијата Еурофарм, односно од ракометниот клуб Еурофарм Работник.

На расправата беа присутни и дел од навивачите на Пелистер – Чкембари, а нивен претставник се обрати пред присутните и ги кажа условите под кои тие ќе продолжат да го поддржуваат „новиот“ тим.

„Нам ни е најважно ни е да се зачува идентитетот на клубот, а тоа иметот и грбот, дресот. Името на спонзорот во случајот ќе биде пред името на клубот, но и тоа го прифаќаме, сепак ни пречи менувањето на боите на клубот. Еурофарм Работник во Лигата на шампиони ја има пријавено сино-белата боја, а најмногу што можеме да прифатиме е тоа да има два комплети на дресови. Ќе инсистираме сите домашни натпревари да се играат во зелено-бела комбинација, а од следната сезона да бидеме исклучиво зелено-бели, во спротивно ќе ги нема Чкембарите на трибини“ посочи претставникот на навичката група.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…