„Чкембари„ со порака до управата на Пелистер: Последна опомена, уживајте во тишината! (ФОТО)

Навивачката група на Пелистер, „Чкембари“, веќе подолго време има недоразбирања со управата на клубот и го изразуваат своето незадоволство од игрите на ракометарите, како и од работата на управата на трофејниот клуб со бојкот за организирано навивање на натпреварите од македонската ракометна лига .

pelrab

Навивачите не се дел од домашните натпревари на Пелистер, односно организирно не го поддржуваат нивниот тим. На дуелот од Супер лигата, против градскиот ривал Еурофарм Работник, во салата „Младост“ осамнаа две пораки: „Последна опомена“ и „Уживајте во тишината“, како предупредување и дел од мирниот протест против управата на клубот и лошите игри на битолскиот бренд.

pelrab-19