Чиста „петка“ за Стефаноска, МГА Хендбол со шест од шест

Тимот на МГА Хендбол, каде што игра поранешната јуниорска репрезентативка на Македонија, Моника Стефаноска, игра одлично во австрискиот шампионат, откако ја забележа и шестата победа во шестиот меч, а последна „жртва“ беше составот на Фелдкирх, кој си замина со убедлив пораз од 36:20.

Стефаноска на овој меч одигра одлично и беше стрелец на 5 голови. Следен предизвик за МГА ќе биде гостувањето кај Аџгерсдорф, а останува да се одигра и заостантиот дуел против првиот фаворит за титулата, Хипо.