Чиле ја тестира Македонија: Генералка за кадетите пред мундијалскиот предизвик

Машката кадетска репрезентација на Македонија ги одработува последните тренинзи пред почетокот на Светското првенство кое од 6 до 18 август се одржува во Скопје, а денеска од 20 часот против селекцијата на Чиле ќе ја имаат генералката пред Мундијалот.

Ракометарите кои се во составот на Данило Брестовац имаат уште малку време за да дојдат до место во тимот односно да го убедат селекторот дека заслужуваат да си обезбедат место во тимот поточно во составот кој ќе го почне шампионатот.

Денешниот дуел кој почнува од 20 часот ќе биде добра можност да се види квалитетот пред шампионатот и кој во каква форма се наоѓа. Секако тоа ќе биде шанса да се види колку е сработено за време на тренинзите во Струга и Маврово.

Овој меч секако ќе биде само вовед во главното, а вистинското ќе следува од вторник кога ќе нема можност за штедење и ќе мора да се игра со 100 проценти на секој од натпреварите.