Чизмовиќ: Работник е фаворит, имаат искусни играчи и одличен тренер

После две кола во кои имаше неколку интересни средби на врвот на табелата во Супер машката лига се наоѓа екипата на Радовиш која има две минимални победи. Распоредот е таков што на тимот му носи ново дерби кое ќе биде одиграно во салата 25 Мај во Радовиш, а таму Еурофарм Работник ќе има навистина тешка задача за да успее да се избори за нови бодови. Црногорскиот интернационалец Стефан Чизмовиќ врши голема работа и во одбраната и во нападот на тимот на Љупче Мијалов. Тој им ја препушта фаворитската улога на гостите.

„Ние одлично го отворивме шампионатот, имаме две победи во два натпревари и максимален учинок. Денеска не очекува тежок натпревар, но се подготвуваме специјално за нив и ќе го дадеме максимумот за да продолжи нашата победничка серија. Еурофарм Работник е една од најквалитетните екипи во лигата, имаат добри и искусни играчи кои се предводени од одличен тренер. Им ја препуштам фаворитската улога.“ – изјави Чизмовиќ.

Натпреварот меѓу Радовиш и Еурофарм Работник се игра денеска со почеток во 18 часот во СЦ „25 Мај“.