Четири тима, а само уште две слободни места

На старот на последното коло од разигрувањето во Купот на ЕХФ во машка конкуренција денеска ќе биде одигран само еден натпревар. Ракометарите на Хановер ќе играат против Нексе и тука во директен дуел ќе се бара вториот патник во четврт-финалето. Татабања е сигурна, а Нексе е во мала предност поради тоа што му одговара и нерешено. Хановер, пак, мора да победи ако сака да оди понатаму.

Одговорот за второто прашање ќе биде дадено во сабота. Се работи за двете средби од Групата 3. Ако победи Холстебро тогаш ќе си ја заврши задачата. Сепак, за овој натпревар има уште време и денеска се очекува разврската во групата 2 каде е и тимот на Еурофарм Работник.

КУП НА ЕХФ-МАЖИ

ДВОЈКИ ЗА 6. КОЛО

ГРУПА 1

САБОТА, 30 МАРТ

19:15ч

ЛОГРОЊО ЛА РИОХА – СТ. РАФАЕЛ

НЕДЕЛА, 31 МАРТ

16:00ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – БАЛАТОНФУРЕДИ

ТАБЕЛА: 1. Фуксе Берлин 8 бода (156:143); 2. Ст. Рафаел 8 (152:140); 3. Логроњо Ла Риоха 2 (145:152); 4. Балатонфуреди 2 (133:151).

ГРУПА 2

СРЕДА, 27 МАРТ

20:30ч

ХАНОВЕР – НЕКСЕ

НЕДЕЛА, 31 МАРТ

15:00ч

ТАТАБАЊА – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

ТАБЕЛА: 1. Татабања 7 бода (142:127); 2. Нексе 6 (134:128); 3. Хановер 5 (130:122); 4. Еурофарм Работник 2 (106:135).

ГРУПА 3

САБОТА, 30 МАРТ

13:00ч

ХОЛСТЕБРО – КУЕНКА

18:00ч

ПОРТО – КОНСТАНЦА

ТАБЕЛА: 1. Порто 10 бода (166:141); 2. Холстебро 4 (141:138); 3. Констанца 4 (138:144); 4. Куенка 2 (130:152).

ГРУПА 4

САБОТА, 30 МАРТ

15:00ч

АЗОТИ ПУЛАВИ – КИЛ

НЕДЕЛА, 31 МАРТ

19:00ч

ГРАЊОЛЕРС – ГОГ

ТАБЕЛА: 1. Кил 10 бода (156:118), 2. ГОГ 6 (151:146); 3. Гранољерс 3 (140:164); 4. Азоти Пулави 1 (143:162).