Четири од четири за „црвено-црните“: Вардарки се веќе во втората фаза од ЛШ

Ракометарките на Вардар после победата над Ларвик го потврдија пласманот во втората фаза од Лигата на шампионите, а покрај тоа останаа и единствени коишто имаат максимално постигнување.

Вардар е единствениот тим кој забележа победи на сите средби од стартот на сезоната откако Мец беше поразен во Подгорица така што заслужено е на списокот на тимови кои одат во следната рунда. Тоа беше јасно после првите три победи, но сега само беше потврдено дека вардарки се веќе во втората фаза и дека ќе пренесат многу бодови.

ГРУПА Ц (4. коло)

ФТЦ РАИЛ КАРГО – ТУРИНГЕР 28:25 (13:14)

ВАРДАР – ЛАРВИК 30:27 (10:11)

ТАБЕЛА:
1. Вардар 8 (124:98)
2. ФТЦ Раил Карго 6 (125:117)
3. Турингер 2 (102:113)
4. Ларвик 0 (106:129).