Четири домашни екипи на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Тимот на Прилеп и ова лето ќе биде организатор на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, трет по ред, кој ќе се одржи во салата „Р.Р.Ричко“ од 25 до 27 август. На овој турнир ќе учествуваат четири домашни екипи, домаќинот Прилеп, Борец Велес, Пелистер и Пролет.

Турнирот кој се игра во чест на прерано починатиот ракометар Миле Нешкоски, ќе започне со положување на свежо цвеќе пред Универзална сала, а потоа ќе бидат одиграни и првите дуели во кои ќе се сретнат Пелистер и Борец, а домаќинот ќе игра со Пролет. Овие натпревари ќе бидат одлични тестови за екипите пред стартот на Суперлигата, а ќе имаат можност на дело да ги видат и новите играчи.

Распоред на натпревари:

25 август
18:00 Пелистер – Борец
20:00 Прилеп – Пролет

26 август
18:00 Пролет – Борец
20:00 Прилеп – Пелистер

27 август
11:00 Борец – Прилеп
13:00 Пролет – Пелистер