Четириесет и четвртиот интернационален турнир „Струга“ ќе се следи и од новата трибина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Од 17 до 20 август, Струга ќе живее за ракометот. По 44 пат во градот на Дрим ќе се одржи традиционалниот ракометен турнир „Струга 2016“. Оваа сезона екипи од три континенти ќе се натпреваруваат за титулата најдобар на најстариот македонски ракометен турнир.

Македонија ќе ја претставува вицепрвакот Металург, додека шведскиот состав Алингсас, романска Стеауа и Шартр од Франција, ќе ги заокружат екипите од стариот континент. Африкански претставник ќе биде тунискиот првак Клуб Африкан, додека за прв пат на меѓународниот турнир ќе се појави клуб од Обединетите Арапски Емирати, тимот од Дубаи, Ал Шабаб.

На повеќе од еден месец до почетокот, се привршуваат последните детали околу организацијата на турнирот. Проверен тим за потврда на реномето на турнирот повторно ќе биде во функција на организаторот.

Проектот за модерно игралиште со трибини и покрив е веќе започнат. За првпат оваа година, стружани ќе имаат можност да го следат турнирот и од новата трибина под која се наоѓаат модерни простории кои вклучуваат соблекувални, просторија за судии и канцеларија според сите меѓународни стандарди. Втората фаза треба да започне на наредниот период за конечно турнирот Струга да добие вистински препознатлив дом.

Како изгледа новата трибина и теренот на „Струга“ на повеќе од еден месец до почетокот на меѓународниот трунир можете да погледнете во продолжение.

[gallery_bank type=”images” format=”masonry” title=”false” desc=”false” responsive=”true” display=”all” sort_by=”sort_order” special_effect=”none” animation_effect=”fadeInDownBig” album_title=”false” album_id=”56″]