Чесите самоуверени: Македонија е наше ниво, секако дека може да ја победиме!

Македонската машка репрезентација ќе игра против Чешка, Австрија и Украина на Европското првенство следната година.

Еден од селекторите на Чешка, Јан Филип, смета дека можат до победа над Македонија.

„Одигравме многу натпревари со Македонците во изминатите години. Тимот има одличен квалитет, но ако ние го достигнеме нашето максимално ниво, можеме да ги победиме. Ова се однесува и на сите други противници во групата. Македонија е ривал кој е на наше ниво“, изјави Филип.

Македонија ќе игра во Виена, а прв противник ќе биде селекцијата на Украина.