Чесите изненадени од елиминацијата на Македонија на квалификациите во Гдањск

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да го оствари сонот на нацијата и да обезбеди учество на ЛОИ 2016 во Рио.Цела Македонија исто како и ракометарите, остана во неверица по пропуштената шанса за пласман на најголемиот светски спортски настан. Покрај нас, и нашиот иден противник во баражот за пласман на Светското првенство во Франција, репрезентацијата на Чешка е изненадена од конечниот епилог и елиминацијата на Македонија на квалификацискиот турнир во Гдањск. Двајцата чешки тренери, Јан Филип и Даниел Кубеш ги искажаа своите мислења во однос на елиминацијата на Македонија и очекувањата во пресрет на јунскиот бараж.

ЈАН ФИЛИП (селектор, Чешка)

За мене лично ова е изненадување бидејки мислев дека двете европски селекции ќе се пласираат на Олимписките игри по завршувањето на квалификациите за Полска. Но системот на Олимписки квалификации е специфичен и бара многу од тимовите, каде во три дена треба да одиграте три натпревари. Македонците тешко се снајдоа во првиот дел против Тунис.

Чешкиот селектор смета дека последниот меѓусебен дуел помеѓу двете репрезентации многу повеќе ќе му помогне за анализа на противникот отколку настапот на Македонија на квалификацискиот турнир во Гдањск.

Ги чекаме видео материјалите од последниот настап на Македонија во Гдањск, но лично сметам дека многу повеќе поуки ќе извлечеме од последниот меѓусебен дуел со оваа репрезентација, во квалификациите, лани во јуни. Имаат речиси ист состав, играта не им е променета. Логично е да ги анализираме нивните последни натпревари, но ние играме различно од Полска и Тунис, така што анализата на нашиот клучен натпревар против Македонија ќе биде од клучно значење за јунскиот бараш.

Првиот бараж натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Чешка е закажан за 11 јуни во Злин (Чешка), а реваншот во Скопје ќе се одигра на 15 јуни.