Черноиваненко: Среќна сум што бев дел од професионален клуб како Вардар

ЖРК Вардар ја потврди доминацијата во Супер лигата победувајќи го Металург (34-28) во денешниот последен натпревар од сезоната.  Прв стрелец во тимот на ЖРК Вардар на овој натпревар беше Олга Черноиваненко која со овој настап се прости од црвено – црното семејство.  По натпреварот Олга за 24 Ракомет изјави:

Олга Черноиваненко:  „Времето поминато во Вардар ми помина многу брзо. Македонија ќе ми остане во убаво сеќавање. Овде животот е убав, луѓето се позитивни, имате убава природа и сигурно од овде ќе понесам една позитивна енергија. Среќна сум што работев во еден од најпрофесионалните клубови во Европа. Девојките се супер, а и клубот исто така. Овде е многу поразлично од Русија, но дојде време да се вратам дома. Како и да е сигурна сум дека ќе дојдам на гости еден ден тука бидејќи Македонија е одлична земја“

Олга Черноиваненко дојде во  ЖРК Вардар во 2014 година од тимот на Лада Тољати, а од следната се сезона се враќа во Русија во тимот на Ростов Дон, заедно со Сираба Дембеле.