Черноиваненко и Ихнева со официјална потврда од Вардар

olga_chernoivanenko_chernoivanenko2_4zSYysg.sized

Од 30 јули на подготовките на ракометниот првак на Македонија во женска конкуренција, ќе му се придружат младата и талентирани руска репрезентативка Алена Ихниева и репрезентативното крило на А-селекцијата Олга  Черноиваненко. Двете руски засилувања потекнуваат од школата на Лада Тољати, каде Черноиваненко успешно настапува веќе 8 години,  а минатата сезона заедно со Инхиева (од 2010) го освоија ЕХФ Купот.

Освежувањето на десно крилната позиција беше неминовно по променливата форма на првата опција на „вардарки“, Јованка Радичевиќ. Со ангажманот на Черноиваненко, Вардар го доби вреројатно најдобриот деснокрилен тандем во Лигата на шампионите.

Перспективниот лев бек на Лада, Алена Ихниева би требало да претставува инвестиција во иднината на клубот. Можеби нема да добие шанса да се наметне во првиот тим на ЖРК Вардар СЦБТ, но  Ихниева ќе има дел од најдобрите светски леви бекови како пример од кој може многу да научи. Иако со квалитет е сеуште зад игрите на Андреа Пенезиќ, Јулија Николиќ и Алисон Пино, нејзиното време допрва доаѓа. Физичките предиспозициите и талентот успешно ја водеа низ игрите на Лада во европскиот куп и руското првенство, а како ќе се развие нејзината кариера во новата средина, ќе покажат игрите во регионалните натпреваруања и домашното првенство каде ќе треба да ја искористи секоја пружена шанса.