Червар: Целје не беше на врвно ниво, а сепак ние загубивме и мораме да извлечеме поуки од овој пораз

Македонскиот вицепрвак Металург го забележа својот трет пораз во СЕХА лигата, овојпат против Целје со резултат 23-25. По натпреварот тренерот на Металург истакна дека силното темпо и лошата одбрана во првото полувреме биле пресудни за победата на Целје. Илиќ се надоврза и потврди дека по сите пехови играта на Металург била на задоволувачко ниво.

Лино Червар, тренер на РК Металург:

Во првото полувреме игравме лошо и индиспосирано. Многу е јак ритамот на двете европски натпреварувања и тоа е веројатно една од причините за ваквата игра. Одбраната играше добро на самиот почеток, после попуштивме и тие се одвоија, но во вториот дел го имавме моментот, сепак ни недостасуваше малку концентрација можевме да дојдеме до пресврт. Ниту тие не беа на врвно ниво, но ние изгубивме и мораме да извлечеме поуки. Сега имаме репрезентативни обрвски и потоа следува дуелот со Извиѓач и оној возвратен натпревар против Монпелје од Лигата на шампионите.

Вања Илиќ, ракометар на РК Металург:

Им честитам на Целје за победата и на моите ракометари за добрата игра. Покрај сите пехови кои не следеа покажавме добра игра. Тие имаа повеќе играчи во ротација и тоа беше пресудно за победата.