Червар со Карачиќ ќе ја нападне Србија

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар го откри поширокиот список на ракометари кои ќе конкурираат за настапи на квалификацискиот двомеч против Србија. Во составот нема некое поголемо изнененадување бидејќи најдобрите добија повик.

Помеѓу избраните се најде Игор Карачиќ, а повик доби и поранешниот вардарец, Лука Циндриќ како и некогашниот играч на Металург, Халил Јагањац. Во листата најолем број играчи настапуваат во Загреб, а веднаш по нив се тројца ракометари на Нексе.

Квалификациските средби за Европско првенство, Хрватска ги игра на 11 и на 14 април. Првиот од двата меча се игра во салата „Александар Николиќ“ во Белград, а натпреварот кој е закажан за три дена подоцна ќе се одигра во Задар во салата „Крешмир Чосиќ“.