Червар се одлучи со кои ракометари ќе ја започне селекторската функција

Новиот селектор на македонската сениорска машка репрезентација, Лино Червар денес го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за бараж натпреварот со Чешка, за Светското првенство кое ќе се одржи во Франција 2017 година.

Покрај старо познатите репрезентативци, Червар уште на самиот старт се одлучи шанса да им даде на млади македонски ракометари. На местото на Дупјачанец се најде Мартин Томовски. Покрај Томовски, шанса ќе добијат и Борче Соколов од РК Макс Струмица, Ивица Лазаревски од ГРК Борец и Бобан Блажевски од РК Радовиш.

Првиот натпревар нашите ракометари го играат на 11 јуни во Злин, додека реваншот ќе се одигра на 15 јуни во Скопје. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди учество на следното Светско Првенство.

Список на повикани ракометари:

1.Борко Ристовски – Рајн Некар Левен

2.Мартин Томовски – РК Металург

3. Никола Митревски – Бенфика

4. Златко Даскаловски – Темишвар

5.Дејан Манасков – РК Вардар

6.Гоце Ојлески – Одорхеи

7.Гоце Георгиевски – Феникс Тулуз

8.Ивица Лазаревски – ГРК Борец

9.Борче Соколов – РК Макс Струмица

10.Костески Никола – РК Металург

11.Стојанче Стоилов – РК Вардар

12.Жарко Пешевски – РК Металург

13.Никола Марковски – РК Работнички

14.Филип Лазаров – РК Вардар

15.Аце Јоновски – Бергишер

16. Филип Миркуловски – Вецлар

17.Наумче Мојсовски – ЧСМ Букурешт

18.Мартин Манасков – РК Вардар Јуниор

19.Бобан Блажевски – РК Радовиш

20.Немања Прибак – Бешикташ

21.Кирил Лазаров – Барселона

22.Влатко Митков – Кремс

23.Филип Талески – РК Металург

24.Филип Кузмановски – РК Металург

25.Стефан Дрогришки – РК Пелистер

26. Велко Маркоски – ППД Загреб

27.Дарко Димитриевски – Ксургои

28.Милорад Кукоски – РК Металург