Червар: Се надевам дека младоста и неискуството ќе ги надополниме со борбеност и пожртвуваност!

На денешната прес-конференција за која повод беше натпреварот од СЕХА лигата против Војводина, тренерот на екипата Лино Червар и Филип Талевски покрај измените во составот на екипата ќе се спротивстават на српскиот противник од средината на СЕХА табелата.
Лино Червар, шеф за стручниот штаб:
Одигравме два натпревара, првиот го победивме, вториот го загубивме, но можам да кажам дека одигравме добро без разлика на поразот на вториот натпревар. Сега следува Војводина и ќе биде потешко бидејќи нашата екипа ќе биде во изменет состав. Војводина е респектабилна екипа која има квалитетни и искусни играчи. Играат агресивна 6-0 одбрана и игра доста бргу, ќе биде голем предизвик, но ќе се обидеме со овој состав што го имаме да се спротивставиме. Сигурно сето ова што се случува ќе влијае на натпреварот. Се надеваме дека младоста и неискуството ќе ги надокнадиме со борбеност и пожртвуваност.
Филип Талевски, ракометар на РК Металург:
Војводина е познат противник првиот натпревар го одигравме во наша полза, но тогаш бевме комплетни сега ситуацијата е променета се надевам дека ќе покажеме добра игра и ќе се радуваме на крај.

Натпреварот се игра утре(сабота) од 17:30 во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.