Червар: Сеуште не сме за отпишување!

По завршување на натпреварот од последното коло во Лигата на шампиони меѓу РК Металург и ППД Загреб, на редовната прес-конференција тренерите на двете екипи Червар и Вујовиќ, заедно со ракометарите Ивиќ и Маџовски го дадоа своето мислење за крајот на групната фаза од Лигата на шампиони.
Веселин Вујовиќ, тренер на екипата на ППД Загреб:
Сите играчи кои играа денес покажаа дека има иднина во клубот. Мојата екипа не одигра добро имавме многу технички грешки при додавање на топката. Овие се натпревари во кои нема императив и се тешки за играње, затоа шанса им укажуваме на помладите. Се покажа дека публиката на Металург не и го сврте грбот и тие одиграа борбено.
Лино Червар, тренер на екипата на ППД Загреб:
Им посакувам многу среќа и успех во Лигата на шампиони, кога ќе се земе се во превид тие заслужено победија. Нашите ракометари беа помотивирани. Освен неколку искусни ракометари ние играме со пионери и кадети. Голем е скокот од Радовиш и Прилеп во Лигата на шампиони… Пред нас претстојат многу победи и порази, мораме да работиме напорно, многу е битно дека публиката не ни го сврте грбот, сеуште не е време за отпишување. Иако покажавме некои добри страни, покажаме и неискуство и затоа потребно е повеќе работа.
Филип Ивиќ, голман на ППД Загреб:
Не бевме на ниво на кое знаеме да бидеме. Им честитам на сограчите за играта и со победа го затвораме овој круг од натпреврувањето. Им честитам на играчите на Металург за борбеноста. Сега го очекуваме следниот противник.
Бојан Маџовски, ракометар на РК Металург:
Сакам да им честитам на ракометарите на Загреб, што се однесува до нашата цел ние на некој начин ја остваривме, нема за што да жалиме, игравме добро и неизвесно до самиот крај. Ја напуштивме салата со кренати глави.