Червар: Против никого не сме фаворити, но со сите можеме да се надигруваме

По првиот триумф во Лигата на шампионите, Метaлург со добро расположение и желба за натпреварување ќе го пречека хрватскиот вицепрвак Нексе. Тренерот Червар заедно со Марко Нелоски се навратија на нивниот прв дуел во рамките на подготвителниот период во натпреварот за трето место од „Кањижа Купот“, но истакнаа дека секој ден е нов за ракометарите на Металург.

Марко Нелоски, ракометар РК Метлаург:

Нексе ни е добро познат противник игравме со нив на подготвителниот турнир во Кањижа. Тие се добра екипа и не треба да ги потцениме, треба да влеземе максимално во натпреварот и ако секој играч го даде максимумот сè ќе дојде на свое.

Лино Червар, тренер РК Металург:

По дуелот во Лигата на шампионите во саботата одиме понатаму, веќе утре имаме СЕХА натпревар, а во среда заминуваме за Прешов каде во сабота ќе играме против Татран. Играме натпревар по натпревар, малку е напорно, но како е така е, не можеме ништо да промениме. Забележавте дека два играчи не конкурираа на минтиот натпревар, Обрадовиќ и Дрогришки. Дрогришки денес се приклучи кон тимот, но за Обрадовиќ сме малку претпазливи по неговата специфична повреда. Секој играч кој може да придонесе во двата правци е добредојден. Со Нексе се среќававме повеќе пати, тие се малку во изменет состав, имаат млади но и искусни, таму игра Шпилер, таму е и Зрниќ, противник со искуство и младост. Нексе е добра екипа која во СЕХА секогаш постигнува добри резултати. Ќе се обидеме да пробаме некои работи кои би ги играле во Татран, ќе се обидеме да се противставиме вакви какви што сме. Многу сме на пат а малку на тренинг. Имаат брза транзиција и цврста одбрана. Ќе мора да внимаваме на контрата а од друга страна да се насочиме кон надворешните позиции. Имаат многу играчи на кои мора да се внимава но тие делуваат добро како колектив. Оваа сезона не можеме против никого да кажеме дека сме фаворити, но со сите сакаме да се надигруваме. Во Кањижа се носевме добро тој натпревар го играме некомплетни пред тоа се истрошивме на дуелот со Мешков. Против Нексе добро се држевме, но тие не скршија на самиот крај и победија, но велам секој ден е нов ден.

Натпреварот помеѓу Металург и Нексе се игра во вторник, во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.