Червар повторно во Скопје, го има и во „Јане“ и во „Борис“ (ФОТО)

Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар е повторно во Скопје. Тој денеска се најде на трибините во двете сали каде што се игра Светското првенство за кадети.

Червар прво беше во СЦ „Јане Сандански“ каде што Хрватска играше во првиот меч на шампионатот против Норвешка и забележа победа од 32:22.

Селекторот на сениорскиот тим на Хрватска имаше што да види со оглед на тоа што младите ракометари одиграа одлична средба и после само 30 минути успеаја да го „нокаутираат“ противникот, па потоа им беше лесно да ја довршат задачата.

Откако ги поледна квалитетите и на младите Шпанци, Червар се пресели во СЦ „Борис Трајковски“ каде што денеска од 14:30 часот играат Србија-Бразил.