Червар: Не сум навикнат да ги фалам моите ракометари по пораз, но сакам да им честитам на играта!

По последниот натпревар од СЕХА лигата во “Борис Трајковски” за оваа година, Червар, Маџовски, Ортега и Илиќ го дадоа своето видување за одиграниот натпревар.

Ортега Карлос, тренер на екипата на Веспрем:
Секогаш е тешко да се игра во Скопје без ралика дали против Металург или Вардар. Во првото полувреме не одигравме на ниво во одбрана, а во вториот дел на почетокот ја направивме клучната разлика која ја одржуваме до крај. Металург е борбена екипа и очекував тежок натпревар. Се надевам дека нема да изгубиме до крај на СЕХА лигата.
Момир Илиќ, ракометар на Веспрем:
Сакам да им честитам на Металург за фер и коректна игра. Носителите на играта, кои се натпреваруваат за екипата последните пет/шест години, сеуште играат во Металург и знаевме дека ќе биде тешко. Го направивме клучното водство на натпреварот во првите пет минути од вториот дел, а нашата одбрана и голманот ја завршија работата.
Лино Червар, тренер на екипата на Металург:
Сакам да им честитам на добрата и коректна игра не сум навикнат да и давам комплименти на мојата екипа по пораз, но по се што се случуваше, сакам да им честитам. Мислам дека беше добар натпревар и покажавме дека во овој клуб се исплати да се инвестира и овој клуб е богатство на македонскиот ракомет.
Борјан Маџовски, ракометар Металург:
Да им честитам на фер и коректната игра на Веспрем ги слушавме советите на нашиот тренер, а наше беше да се бориме. Мило ми е што добивме шанса ние младите на овој натпревар.