Червар: Металург повторно ќе биде екипа која привлекува внимание!

Во наредниот период македонскиот шампион Металург ќе одигра два натпревари со ист противник од рамките на Лигата на шампионите(недела 22.02.2015 19:00) и СЕХА лигата (24.02.2015 вторник 18:00). По тој повод на денешната прес конференција свои видувања за противникот, хрватскиот шампион ППД Загреб, дадоа тренерот на екипата Лино Червар и Филип Талевски.

FLP_4306
ФОТО: Филип Вирановски

 

Лино Червар, тренер на РК Металург:
Дојдевме до последниот натпревар во Лига на шампионите, секако во друг состав од почетокот на Лигата на шампиони така што дојдовме до крај на натпреварувањето со состав кој е комбинација од кадетски и јуниорски тим, секако не размислувавме дека ќе биде така, но ракометниот клуб Металург е пред нов предизвик се врти нова стана во клубот и секако оние кои останавме ќе се обидеме да направиме се за да се концентрираме и да дадеме се од себе за преостанатите натпревари. Во Кил, во нерамноправна борба, младите ракометари покажаа нешто што охрабрува. Ќе доживееме уште многу победи и порази, но ќе растеме. Металург повторно ќе биде екипа која предизвикува внимание. Сите се бориме во своите сегменти да ги решиме прашањата за финансиите и структурирањето и сите прашања околу функционирање на еден клуб. Се обидувам да ги кренам овие момци кои до вчера играа против Радовиш и останатите македонски екипи и да ги воведам во новата атмосфера. Само ако бидат послушни, амбициозни, мотивирани и ако успееме да ја подигнеме поединечната и тимска вредност ќе дојдеме до тоа што го посакуваме, да добиеме квалитетна генерација. Драго ми е за сите оние млади ракометари кои го напуштија Металург кои имаат одлични настапи во странските екипи, а произлегоа од Металург. Загреб е огромен фаворит, играа добро оваа сезона ги победија Кил и ПСЖ, противник кој е потполнет на секое место, и тоа ќе биде добар натпревар за стекнување на искуство. Без разлика која одбрана ја играат дали 5-1 или 6-0 играат агресивно, надворешната линија е репрезентатитвна, Ивиќ е одличен голман и за нашата младина нема да биде лесна задача, пред се бидејќи борбата ќе биде нерамноправна. Моја порака до нашите ракометари е да одиграат мотивирано и борбено без разлика кој е фаворит, бидејќи очигледно е кој е фаворитот на овој натпревар.

Во вторник имаме нов дуел со Загреб, нашите ракометари ќе го искористат натпреварот за стекнување на искуство да научат на грешките кои ги направиле на претходниот натпревар, да се обидат да се поправат. Тие се фаворити, но ќе се обидеме да се спротиставиме најдобро што можеме, со помош на публиката.

image
ФОТО: Филип Вирановски

 

 

Филип Талевски, ракометар на РК Металург:

Утре не очекува последниот натпревар во Лигата на шампиони, голем предизвик за нас. Веќе не е како порано, сега цел систем на игра е променет и се е на наш грб. Драго ми е што имаме тренер како Лино Червар кој ќе не води на овие дуели. Ќе играме пред домашна публика, се надевам дека ќе дојде во голем број. Ќе одиграме борбено, па што биде нека биде.
Овие натпревари се одлични за стекнување на искуство, со помош на публиката ќе се обидеме да го дадеме максимумот.