Червар: Иако тие се фаворити, иако имаме млада екипа, ние нема да се откажеме!

Секогаш со доза на резервираност, шефот на стручниот штаб на Металург го најави новиот -принуден проект на македонскиот шампион. Пред дуелот во недела,Червар потенцираше дека Металург никогаш нема да се предаде и очекува со напорна работа и време да создаде екипа која повторно ќе биде конкурентна на сите ракометни фронтови.
000_0630-2
Лино Червар, шеф на стручниот штаб на РК Металург:
Играме последен натпревар во СЕХА со Мешков. Игравме во краток период три натпревари, со Мешков, Нексе и Борац. Овие натпревари ни значат многу, особено поради тоа што формираме и создаваме нова екипа во од. Сега играме против Мешков знаеме дека тие осигураа настап во Веспрем, се спротивставивме добро на првиот натпревар во Мешков, можеби нè потценија, но ние добро игравме. Сигурно дека се фавортити имаат 10-11 странци во своите редови, освен Рутенка на крилната позиција, останатите се искусни интернационалци. Тој натпревар за нашата екипа е нов предизвик и можност за стекнување искуство пред искушенијата во македонската лига кои следуваат. Кога игравме кај нив, пресуди искуството. Многу е тешко да се постигне гол преку Бабичев и Манојловиќ во средината на одбраната, имаат брзи крила Вукиќ и Рутенка. Нема да бидат невниматлни, како на првиот натпревар. Иако тие се фаворити, иако имаме млада екипа, ние нема да се откажеме. Имаме проблем со повредите на Неловски и Талевски кои тренираат под посебен режим, не сакаме да ризикуваме со нивните повреди. Овој натпревар ќе ни значи многу, сакам да ја повикам нашата публика, нашите ракометари вакви какви што се сигурно ќе се обидат да се претстават што подобро. Пред нашата публика сакаме да се обидеме да парираме барем во борбеноста. Треба трпение за да можеме утре да видиме некоја корист од овој нов проект.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ

Забрането превземање на фотографии без одобрение од Редакцијата