ЧЕРВАР: АКО НЕКАДЕ НЕ СИ ДОБРЕДОЈДЕН, ГЛЕДАЈ ШТО ПОБРЗО ДА ЗАМИНЕШ

Изминативе месеци тренерот на Металург, Лино Червар беше константно на мета на дел од македонските медиуми. На адреса на Хрватот стигнуваа обвинувања за нарушените односи во клубот, за нередовно подмирување на данок кон Македонија, за создавање концепт на лажен патриотизам, па се до тоа дека водел тајни преговори да ја превземе екипата на Веспрем. По големиот број на обвинувања Червар на денешната прес конференција пред натпреварот со Шафхаузен со одговор до сите оние кои според него не го сакаат во Македонија:

По сите пишувања во медиумите, испаѓа дека сум најбогат човек во Македонија, дека избегнувам да платам данок и други напади врз мојата личност. Јас на сите тие напади ќе одговорам со цитират од Черчил: „Лагата ќе го заобиколи светот додека вистината ги облече панталоните“.
По сите тие напади можам да заклучам дека јас на некого очигледно му сметам во Македонија, а како што велат: „Ако некаде не си добредојден, гледај што побрзо да заминеш“.
Јас дојдов во Македонија како пријател, а Македонците многу ми се драги. Можам одговорно да потврдам дека јас немав ниту еден официјален разговор со било кој од клубот Веспрем. Зарем мислите дека по се што сум постигнал во мојата кариера, сам би се нудел по клубовите?