Челична одбрана: Е. Работник прими само 3 голови од игра за едно полувреме

Ракометарите на Еурофарм Работник по болниот пораз од Пелистер во градското дерби минатиот викенд им се вратија на победите во Суперлигата. Момциге на Илија Темелковски, славеа на гостувањето кај Вардар Јуниор со 17:24 иако на полувреме беше само 12:12. Младите вардарци одолеваа во првиот дел и во неколку наврати дури и водеа со по 2 гола. Сепак нивниот напад потфрли во второто полувреме, односно се покажа гостинската одбрана, која прими само 5 голови.

Две црни дупки од по 10 минути имаа ракометарите на Вардар Јуниор и не го погодуваа гостинскиот гол. За разлика од нив, Дрогришки најчесто со поддршка на Пецаковски и Ојлески, го полнеа домашниот гол за конечни 17:24. Најдобар поединец во победничкиот тим беше Дрогришки со 6, а Пецаковски и Ојлески дадоа по 4, додека голманот Ивановски имаше 12 одбрани. Во домашниот тим, Кууловски, Мишевски и Крстевски постигнаа по 3.