Челинџ Куп: Тежок противник за Металург

Оваа сезона Македонија, повторно ќе има два претставника во рамките на женскиот сегмент од Челинџ Купот. Поради добриот рејтинг на македонските екипи во овој Куп, Металург беше сместен меѓу носителите во трето коло заедно со бранителот на титулата Локомотива Загреб и грчки ПАОК за кој од следната сезона ќе настапуваат три македонски репрезентативки.

Тимот од Автокоманда, иако имаше добра стартна позиција, доби тежок противник и ќе игра против шпанската Малага. Металург прво ќе гостува, а вториот меч ќе го игра на домашен терен. Првите натпревари од 3 коло ќе се играат на 11/12 ноември, додека реваншите ќе бидат одиграни една недела подоцна.