Челинџ куп: Санкт Петербург најблиску до полуфинале

Во Челинџ купот се одиграа останатите две четврфинални натпревари. По една победа однесоа домаќините и гостите.

Санкт Петербург на гостувањето во Белгија оствари убедлива победа против составот на Висе и речиси сигурно обезбеди пласман во полуфиналето. Во вториот дуел Мадеира на домашен терен оствари минимална победа против составот на Дикен па во реваншот се очекува тешка борба за пласман во полуфинале.

Претходно, во сабота беа одиграни другите два натпревари на кои домаќините однесоа победи па на реваншите ќе патуваат со солидна предност. Гоце Георгиевски со својот ЧСМ Букурешт славеше победа на босанскиот претставник Борац, а вториот руски тим во Челинџ купот исто така забележа победа на домашен терен над АЕК Атина.

Резултати, Челинџ куп, четвртфинале

Ставропол – АЕК Атина 25:21 (13:13)
ЧСМ Букурешт – Борац 25:19 (16:7)
Мадеира – Дикен 28:27 (15:9)
Висе – Санкт Петербург 26:33 (13:17)

Реванш дуелите се играат надерниот викенд, 30/31 март по кои ќе бидат познати полуфиналистите.