Челинџ Куп: Куманово ќе се соочи со поранешен учесник во Лигата на шампионите

Оваа сезона Македонија, повторно ќе има два претставника во рамките на женскиот сегмент од Челинџ Купот. Откако минатата сезона дебитираше во европските натпреварувања, составот на Куманово повторно ќе биде дел од третото коло во Челинџ Купот.

Куманово во пресрет на ждрепката беше рангиран во групата на неносители и можеше да има македонски дуел, но се избегнаа со тимот на Металург. Противник ќе им биде полскиот тим Лублин, кој своевремено беше дел и од Лигата на шампионите, во ерата на Кометал ЃП.

За полскиот тим следната сезона ќе игра и македонската интернационалка, Елена Петковска. Првите натпревари од 3 коло ќе се играат на 11/12 ноември, додека реваншите ќе бидат одиграни една недела подоцна.