Челинџ Куп: Куманово загуби со 41 гол!

Ракометарките на Куманово и покрај тоа што имаат за играње и втор натпревар, веќе се елиминирани во 3 коло од Челинџ Купот. Противникот, Лублин од Полска, славеше со убедливи 54:13, откако и на полувреме имаше водство од 20 голови, 24:4.

Во второто полувреме, домаќинките постигнаа дури и 30 голови. Иако шанса добија ракометарките од клупата, тоа воопшто не ги смени настаните на теренот, па предноста само растеше од минута во минута до конечните 41 разлика.

Најефикасни во домашниот тим беа Ночун и Рола со по 12 голови, а кај Куманово 5 даде Пеовска, додека Боризовска постигна 4 голови. Реваншот се игра утре со почеток во 18 часот.